Кина
Тревога во Кина поради опасност од дождовни бури
05.08.2025 20:02
76.000 жители во Пекинг се евакуирани во привремени засолништа како превентивна мерка поради дождовните бури.

Над 76.000 жители во Пекинг се евакуирани во привремени засолништа како превентивна мерка поради дождовните бури.
Во Хонгконг издадено највисоко ниво на предупредување за „црна“ бура откако силниот ветер и обилните дождови ги преплавија улиците, а голем број автомобили останаа заробени во водата. Наставата е откажана, а владините служби во градот суспендирани.
Метеоролошката служба соопшти дека лошото време е резултат на монсуни.
