САД

Пожар се заканува на стотици домови во Калифорнија

05.08.2025 12:36

Стотици домови загрозени од огромниот шумски пожар Гифорд што гори во Националната шума Лос Падрес во централна Калифорнија...

Три лица се повредени, а стотици домови загрозени од огромниот шумски пожар Гифорд што гори во Националната шума Лос Падрес во централна Калифорнија.

Властите издадоа наредби за евакуација во погодените области додека над илјада пожарникари се обидуваат да ја стават под контрола огнената стихија која веќе четврти ден гори, и досега пеплоса над 72 илјади хектари шума.