Дивеење низ Скопје, поднесени пријави
Синоќа на социјалните мрежи беше објавено видео каде се гледа како дивеат млади лица по улиците, качени на хауба. Ниту имале возачка дозвола, ниту пак возилото имало регистарски таблички. МВР веќе поднесе пријави...

Пет минути слава што можат да чинат човечки живот. Полицијата поднесе пријави по објавеното скандалозно видео, на кои се гледаат неколку млади луѓе како дивеат со автомобил на скопските улиците. 19 годишник стои на хаубата, додека една година постаро лице го управува возилото без регистарски таблички и без возачка дозвола. Со младите е извршен разговор и ќе се гонат за неколку дела: превезување лица на надворешни делови од возилото, возење без дозвола на автомобил без таблички, за загрозување на безбедноста.
ТикТок стана платформа поради која децата од најмала возраст прават непромислени и опасни работи – само последни во низата се овие млади скопјани кои дивееја на булевар во Ѓорче Петров.
Децата во одредена возраст сакаат да се дел од групата дури и кога прифаќаат опасни предизвици како супермен, сликање на локомотиви, скокање од прозорци. Но според психолозите не треба забрани и казни, туку комуникација дете родител.
Психолозите апелираат родителите на им посветат поголемо внимание на нивните деца.
Александра Спировска
