Принудна наплата на долг за струја од 100 илјади должници во Србија
Сите предмети ќе бидат распоредени на голем број извршители. Вкупниот долг на граѓаните за струја во Србија изнесува околу 171 милион евра...

Електростопанство на Србија најави дека од понеделник ќе почне принудната наплата на долгот за испорачана електрична енергија на 100 илјади потрошувачи за сите сметки заклучно со ноември 2013-та.
Освен основниот долг извршителите ќе наплаќаат и камата, но и трошоци за извршување, кои се фиксни за долгови до 30 илјади српски динари и изнесуваат 14 % од овој износ, а потоа сумата расте според посебна тарифа.
Сите предмети ќе бидат распоредени на голем број извршители. Вкупниот долг на граѓаните за струја во Србија изнесува околу 171 милион евра.
Од овој месец РТВ надоместокот нема да биде дел од сметката за струја кај северниот сосед .
Свето Николовски
