Македонија

Убиен осуденик во тепачка во „Бардовци“

05.08.2025 14:20

Во тепачката учествувале двајца осуденици – 35 годишник од Неготино и 62 годишен осуденик од Љубанци, кој бил удрен со стаклено шише, по што изгубил свест...

Осуденик загина по физичка пресметка што ноќеска околу полноќ, се случила во судскиот оддел на Психијатриската болница „Бардовци“.

Во тепачката учествувале двајца осуденици – 35 годишник од Неготино и 62 годишен осуденик од Љубанци, кој бил удрен со стаклено шише, по што изгубил свест. Тој бил пренесен во Ургентниот центар, каде им подлегнал на повредите.

Напаѓачот издржувал казна за убиство.