Локални избори

Каква реторика ќе донесат локалните избори?

05.08.2025 18:42

Локалните избори не се распишани, но партиите на големо се подготвуваат за нив. Средбите со граѓани секојдневни, заострува и реториката – главното прашање е дали политичките субјекти ќе се воздржат од навреди кон противникот...

Навреди, нетрпение, осуда. E она што често може да се види на партиските говорници, прес конференции, па и во парламентот. На стартот на секоја изборна трката, на бонтонот се чини дека се заборава. Така и овој пат, паралелно со доближувањето на датумот на локалните избори, реториката на политичките противници се заострува. А наесен, ќе биде една од најзначајните битки кои се воделе на локално ниво, сметаат аналитичарите.

Поголемиот дел од експертската јавност, во овој предизборен период и за време на кампањата, предвидуваат доминација на негативната реторика, говор на омраза и меѓусебни обвинувања. Сепак, политичките аналитичари предупредуваат, да не се потценува народот кој е демократски зрел и дека пресудно за исходот на изборите, ќе биде квалитетот на кандидатите и на програмата.

Политичките партии да ја почитуваат волјата и интелигенцијата на народот, вели за Македонската телевизија политичкиот аналитичар Бојан Кордалов.

Посакуваме демократска кампања, но опозицијата во недостаток на идеи, веќе посегнува по недолична реторика, велат од владејачката ВМРО – ДПМНЕ.

Ставот на СДСМ пак, за предизборната реторика, засега останува отворено прашање, иако Македонската телевизија побара одговор.

 

Марија Котовска