Обука на кандидатите за пожарникари
Со нови пожарникари ќе се засилуваат тимовите низ целата земја. Обуката почна денеска и ќе се одвива во 13 градови. Над 300 лица се пријавиле на владиниот повик, да ја работат една од најтешки задачи-се борат со огнот...

Прво во клупа, па на терен. Идните пожарникари по два дена обука, очи в очи ќе бидат со огнот на отворено. Но прво време ќе бидат онаму каде што има мал ризик, сè додека не ги усовршат вештините, техники на гаснење на пожар и на користење на опремата. Оние што ќе покажат подготвеност, иницијатива, ќе напредуваат.
На 13 локации се врши обуката, во Скопје од 50 пријавени 34, дојдоа на час. Дел од пријавените кандидати биле со неуредна и нецелосна документација.
Владината мерка за примен на лица за превевенција од пожари кои ќе бидат ангажирани во противпожарните бригади и Дирекцијата за заштита и спасување ќе добијат договори за нивниот ангажман.
Засилување на екипите на терен ќе биде од големо значење бидејќи за 24 часа, на територијата на државата гореше на 51 локација, како што беше случај на 27 јули. Поради распространетоста на огнот помош пристигна од Чешка и Словенија.
Наташа Јанчиќ - Менковски
