Велес

Локализиран пожарот во производствен погон во велешко, бил предизвикан од гром

05.08.2025 17:53

Изгаснат е пожарот што синоќа избувна во производствен погон на компанија во Велес. Бил предизвикан по удар од гром. Повредени нема, се проценува штетата...

Пеплосаната документација, стопената пластика и искршените прозорци на производствениот погон за прехранбени производи, сведочат за страониот пожар во Велес.

Удар од гром е причината за пожарот којшто ги зафати погоните на „Биокосмос“ во Велес. За среќа нема повредени. А пожарот е целосно изгаснат. Фабриката „Мирана“ којашто се наоѓа во истиот комплекс не е зафатена од пожарот.

Огнот го зафатил магацинскиот простор каде што имало пластична амбалажа, фрижидери и друг материјал, како и канцелариски простории.

Пожарникарите раскажуваат дека повеќе од 6 часа се бореле со огнената стихија.

Велешани раскажуваат дека во градот имало непријатна миризба, а чадот оддалеку се гледал.

Во фабриката се вршеше увид, а се правеше и проценка на настаната штета.

 

Ана Јосифоска