Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва претрпе пораз Швајцарија
Македонските одбојкари добро го почнаа дуелот и го добија првиот сет со 25:23, откако имаа подобра игра во завршницата во сетот. Во вториот сет комплетна доминација на ривалот, кој сетот го заврши со десет поени разлика...

Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва претрпе пораз од 3:1 во сетови од Швајцарија. Македонските одбојкари добро го почнаа дуелот и го добија првиот сет со 25:23, откако имаа подобра игра во завршницата во сетот. Во вториот сет комплетна доминација на ривалот, кој сетот го заврши со десет поени разлика.
Клучен беше третиот сет. Македонија имаше водство од 24:22 и не искористи две сет топка за водство од 2:1, а противникот направи серија од 4-0 и го доби сетот и поведе со 2:1 во сетови. Во четвртиот сет Швајцарија имаше предност во завршницата, која ја реализираше за да го освои сетот со 25:23.
