Реакции по најавата за окупација на Газа
Палестинскиот амбасадор повикува на итен прекин на огнот и го осудува Израел, додека израелскиот шеф на дипломатија бара безусловно ослободување на 50-те заложници и обвинува дека плановите за признавање палестинска држава го уништиле договорот со Хамас...

Меѓународната заедница е сè позагрижена поради плановите на Нетанјаху за целосна окупација на Газа, што според Советот за безбедност на ОН би имало катастрофални последици.
Палестинскиот амбасадор повикува на итен прекин на огнот и го осудува Израел, додека израелскиот шеф на дипломатија бара безусловно ослободување на 50-те заложници и обвинува дека плановите за признавање палестинска држава го уништиле договорот со Хамас.
„Можната одлука на Нетнјаху да ги прошири воените операции е алармантна. Ова би ризикувало катастрофални последици за милиони Палестинци и би можело дополнително да ги загрози животите на преостанатите заложници“, изјави Мирослав Јенча - висок претставник на Обединетите нации.
„Ги отфрламе сите нехумани и понижувачки третмани кон било кого, особено кон лицата што се во заробеништво. Од првиот ден, палестинскиот народ повикува на прекин на огнот, да се стави крај на оваа израелска војна на масакри и гладување против нашиот народ. Да се ослободат заложниците и затворениците и да се овозможи итна непречена хуманитарна помош за Газа“, изјави Ријад Мансур - постојан набљудувач на Палестина во Обединетите нации.
„Хамас е исто така одговорен за продолжувањето на оваа војна со тоа што сè уште одбива да ги ослободи нашите заложници и да го положи оружјето. Меѓународниот притисок мора да биде врз нив.. Постојат земји кои во чувствителните денови од преговорите, водејќи кампања против Израел, објавувајќи го признавањето на виртуелна палестинска држава, му дадоа на Хамас бесплатни подароци и стимулации да ја продолжи оваа војна. Тие директно го убија договорот за заложници и прекинот на огноот“, изјави Гидеон Саар - министер за надворешни работи на Израел.
