Франција
Едно лице загина во пожар во Франција
06.08.2025 15:07
Едно лице загина, деветмина се повредени во пожар во департманот од во јужна Франција во една од најголемите огнени стихии регистрирани летово во земјата...

Едно лице загина, деветмина се повредени во пожар во департманот Од во јужна Франција во една од најголемите огнени стихии регистрирани летово во земјата. Локалните власти соопштија дека огнот се шири многу брзо и досега зафатил над 12 илјади хектари.
Околу 2.500 домаќинства во областа моментално се без електрична енергија. Два кампа се евакуирани од претпазливост. Претседателот Макрон соопшти дека сите владини ресурси се мобилизирани.
На терен се повеќе од илјада и 800 пожарникари кои неуморно се обидуваат да ја стават под контрола огнената стихија.
