Блокирани се итните упати, реагираат матичните лекари
Матичните лекари реагираат, итните упати се блокирани, лица во животозагрозувачка состојба не можат да ја добијат потребната медицинска помош. Тешко се доаѓа и до термин кај специјалист, дел од лекарите и воопшто не пуштаат слободни во систем. Апел до Фондот и да се смени моделот на финансирање...

На пациентка во пред инфарктна состојба, матичниот лекар не можел да и издаде итен упат. Тие не смеат да бидат блокирани вели докторот Драган Ѓорѓиевски. Постојно повторуваме, но како да не сакаат да не слушнат. Имаме животозагрозувачки состојби, а Клинички центар и ГОБ „8 Септември“ ги блокираат итните упати.
Немање термини за специјалист е приказна за себе вели доктор Ѓорѓиевски. Некои лекари не пуштаат или многу малку има. Во моментот доколку на некој пациент му е потребен уролог, преглед може да добие во Дебар, Охрид и Тетово, а за гастроенетерхепатологија термин има во Струга. Лекарите додека се борат да закажат преглед за пациентите, битка водат и за егзистенција. Од Фондот за здравство бараат да се направи промена во моделот за финансирање, бидејќи некои лекари не можат да преживеат, да ги платат давачките и да извадат плата.
Ѓорѓиевски вели Македонија е единствена земја на Балканот којашто користи хартиени и електронска евиденција и треба да дадат точен датум и да почнеме да работиме електронски, дали 1 ноември, од 1 декември, а да даваат неодредени изјави, ќе биде, работиме.
Наташа Јанчиќ - Менковски
