Стразбур

Месецов нов оглас за избор на судија во Европскиот суд за човекови права

06.08.2025 13:03

Петчлената комисија при Министерството за надворешни работи се очекува на крајот на овој месец да заземе став за објавување нов оглас за избор на судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур...

Петчлената комисија при Министерството за надворешни работи се очекува на крајот на овој месец да заземе став за објавување нов оглас за избор на судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур и да ја отпочне процедурата за тројцата кандидати кои ќе ја водат битката за оваа позиција.

Комисијата беше формирана на 25 минатиот месец, по владината одлука да се поништат предлозите на претходната со став дека ниту еден не ги исполнува потребните услови.