Дали партиската моќ ја притиска демократијата?
Ни претстојат изборите за нови градски челници. Дали реално граѓаните го прават изборот или партиите ги ставаат пред готов чин? Што велат граѓаните, а што покажуваат анализите на политиколозите?...

На прагот на новиот циклус локални избори, граѓаните се скептични колку локалните власти ќе се зафатат со решавање на нивните проблеми, а не со партиските комбинаторики. Сметаат дека партиите ги ставаат пред завршен чин во изборот на нова локална власт.
Неопходна е дистинкција меѓу партиските и локалните политики. Граѓаните реално, а не само декларативно, да учествуваат во заедницата. Партиската послушност ја намалува демократијата, а ја зголемува коруптивноста.
Последниот збор го имаат граѓаните, но каков избор ќе им биде понуден?
Елизабета Митреска
