Бих

Одземен претседателскиот мандат Милорад Додик

06.08.2025 20:04

Централната изборна комисија на БиХ го одзеде мандатот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик...

Централната изборна комисија на БиХ го одзеде мандатот на претседателот на Република Српска, Милорад Додик. Одлуката беше донесена едногласно на денешната седница.

Додик има право на жалба пред новите избори кои се очекува да бидат распишани во рок од 90 дена.

Неговиот мандат беше одземен по правосилната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник во БиХ. Додик беше осуден на една година затвор и шест години забрана за вршење политичка функција.