Атлетика

Дијамантската треска се пресели во Стокхолм

21.08.2014 12:52

Спектакуларната серија митинзи е пред крајот, главните протагонисти во поголем број дисциплини се соочени со се поблиската разврска и распределбата на наградите со дијамантски сјај! Стокхолм, во тричасовната програма нуди интересни наттрчувања,натскокнувања, натфрлувања...

Олимпискиот стадион во Стокхолм, еден од „столетните“ светски атлетскицентри, вечер ќе е 11-та станица од престижната Дијамантска лига. Спектакуларната серија митинзи е пред крајот, главните протагонисти во поголем број дисциплини се соочени со се поблиската разврска и распределбата на наградите со дијамантски сјај! Стокхолм, во тричасовната програма нуди интересни наттрчувања,натскокнувања, натфрлувања...

Машката „стотка“ ќе е без сеуште недоволно залечениот Болт, но Јамајка има достојна алтернатива во Неста Картер, кој ќе се обиде да  му се спротистави на Американецот Мајк Роџерс.Главниот женски спринт ќе е на 100 метри со пречки. Американките Харисон и Харпер се главни на високите пречки во текот на целата сезона, но вечер ќе мораат да ја почувствуваат силата и брзината на опоравената олимписка и светска шампионка, Австралијката Сали Пирсон.Тоа може да биде трка за паметење!Наизменично се сменува насмевката на лицата на Американецот Мајкл Тинсли и Порториканецот Хавиер Кулсон, кои со по 13 бодови се  во лов на дијамантите во трките на 400 метри со пречки.Кој ќе истрча побрзо? Може ли ветеранот Феликс Санчез да внесе метеж во вечерашната трка?

И „техничките дисциплини“ му даваат исклучително обележје на митингот во Стокхолм. Хрватката Сандра Перковиќ ќе е неприкосновената кралица во диск-сегментот.Откако деновиве на ЕП во Цирих ја натфрли магичната граница од 70 метри, светскиот рекорд е следната нејзина цел.Комплетната женска светска елита ќе се појави и на залетиштето за скок во далечина. Присуството на Французинката Лесур, Србинката Шпановиќ, Русинката Клишина и  Американката Ријс е предуслов за скокови над 7 метри,нормално ако се добри и временските услови.Европската елита во фрлање ѓуле од ЕП во Цирих, во Стокхолм  добива  засилување. Американците Ријс Хофа и Џо Ковач, Германецот Давид Шторл и Полјакот Томаш Мајевски ќе е „жестокото“ друштво на спортски џинови!Главен во борбата со височините ќе е Французинот Рено Лавилини, наследникот на легендарниот Сергеј Бубка.