Климатските промени и сушата удрија по родот
Климатските промени и сушата удрија по родот годинава. Граѓаните се жалат, родот не е со ист квалитет, а цените се високи...

Климатските промени го менуваат земјоделството, а се поочигледни се и во македонските ниви.
Пазарџиите водат битка за да пласираат квалитет, но се почестите суши, непредвидливите врнежи е екстремните временски услови го загрозуваат македонското земјоделство.
73 годишниот Николе Велковски од свои 10 години се занимава со земјоделство. Раскажува како изминативе години како производител на зеленчук постојано се соочува со проблеми поради климатските промени.
Високи цени низок квалитет се жалат граѓаните.
Земјоделството честопати е носечкиот столб на економијата во земјите во развој и оттука, на климатските промени треба да се гледа со посебно внимание земајќи ги предвид долгорочните последици врз економско – социјалниот развој на земјите.
Ана Јосифоска
