Братоубиство во Кавадарци
Убиство скриено под земја, го убил братот, телото го покрил со шперплоча и молчел додека не го открила сестрата. Брат му пресудил на брата си по семејна расправија …

По вербалната расправија со својот помлад брат, го удрил неколку пати по главата и го усмртил. Неколку дена пробал да ги прикрие трагите, ја избришал крвта од подот и предметите, а телото го пренел во помошен објект во дворот на заедничката куќа каде го закопал и го покрил со шперплоча и други предмети.
Случајот го пријавила нивната сестра. 9 дена по убиството таа и нејзиниот сопруг го пронашле и пријавиле во полиција.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција и вештачење. Истиот ден во 14:40 часот, по извршени оперативни проверки и добиени сознанија и во координација со јавен обвинител, полициски службеници го лишиле од слобода. Тoj го признал делото во службен разговор со надлежните. ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против (43) годишниот кавадарчанец.
Се сомничи дека на 27-ми јули сторил кривично дело убиство. Поради опасност да се даде во бегство но и да преземе и дополнителни дејствија за уништување на трагите јавен обвинител до судија на претходна постапка од Основниот суд Кавадарци доставил предлог за определување на мерка притвор за осомничениот.
Викторија Милевска
