БиХ

Додик најави референдум за својата функција

07.08.2025 08:46

Референдумот ќе се однесува на неговиот мандат и пресудата со која е осуден на една година затвор и шест години политичка забрана. Додик има право на жалба, а нови избори се очекуваат во рок од 90 дена...

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик најави референдум за својата функција откако Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот по правосилната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник Шмит. Одлуката ја нарече „срам за Сараево“ и најави борба за уставната позиција на РС. Референдумот ќе се однесува на неговиот мандат и пресудата со која е осуден на една година затвор и шест години политичка забрана. Додик има право на жалба, а нови избори се очекуваат во рок од 90 дена.

„Решени сме да ја браниме уставната и дејтонската позиција на Република Српска која е загрозена од постапките на Кристијан Шмит, кој не е ниту легитимен, ниту потврден од Советот за безбедност. Мандатот ми го даде народот, па затоа ќе го послушам на референдумот, кој ќе се одржи во наредниот период, а на кој ќе се одлучува за мене“, изјави Милорад Додик, претседател на Република Српска.