Унгарија

Уапсен маж кој планирал атентат врз Орбан

07.08.2025 09:41

Апсењето е извршено со помош на унгарската антитерористичка служба. Осомничениот го признал делото...

Во Унгарија е уапсен маж осомничен дека планирал атентат врз премиерот Виктор Орбан, соопшти Националното истражно биро. Се обидел преку веб-страница на странски сервер да ангажира платен убиец, нудејќи парична награда. Апсењето е извршено со помош на унгарската антитерористичка служба. Осомничениот го признал делото.

Истрагата продолжува, а безбедносните мерки за Орбан се засилени.