Нема наследници во занаетчиството

17.12.2013 22:17

Сахип Русеми е лимар веќе 45 години. Вели дека толку време со својот занает го храни осумчленото семејство. Но сега, иако е полесно да се работи поради техниката, нема кој да го наследи. „ Младиве не сакаат никако, 5 години ни еден не дојде да ми рече да работи како чирак “ изјави Русеми.

Поголема финансиска поддршка и практична едукација на кадри бараат македонските занаетчии. Иако традиционалните занаети се во изумирање, од Занаетчиската комора велат дека нивните техники се поврзуваат со новото и современото.

 „Доминираат меѓу младите од електро струката а од градежништвто многу е мал интересот. Металската струка, кованото железо, пекарите, фризерите. Чевларството не ни е во пораст“ потенцира Снежана Денсковска,  извршна директорка на Занаетчиската комора.

Македонското занаетчиство отсекогаш било израз на врвна уметност, изработена од рацете на обичниот човек кој на парчето метал, дрво или кожа успевал да му даде посебна убавина, живот и практична намена, рече министерката за култура.

„ Креативниот дух на нашите предци создал форми и творби карактеристични за одредени периоди кои биле одраз на неговата посебност, на неговиот идентитет“ изјави  министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска .

Во Македонија се регистрирани над 300 занаетчиски дејности. Бројот на активни занаетчии е околу 7.000. Доминираат фризерите и козметичарите. Нема доволно пекари и чевлари.

Ана Јосифоска