Европа

Шумските пожари во Франција и натаму вон контрола

07.08.2025 10:51

Огнот досега зеде една жртва, тројца се водат за исчезнати и десетици се повредени, вклучувајќи и 11-тмина пожарникари...

Шумските пожари што беснеат на југот од Франција и натаму се вон контрола. Стотици луѓе се евакуирани додека над 2 илјади пожарникари се борат со огнената стихија. Огнот досега зеде една жртва, тројца се водат за исчезнати и десетици се повредени, вклучувајќи и 11-тмина пожарникари.

Во 17 општини се отворени привремени центри, каде што се сместени над две илјади евакуирани лица. Ова се најсериозните шумски пожари во земјата во последните 20 години.