Појас Газа
Бројот на жртви во Појасот Газа расте, Нетанјаху вечерва го свикува воениот кабинет на состанок
07.08.2025 11:14
Семејствата на заложниците бараат од израелските одбранбени сили да се спротивстават на проширувањето на офанзивата и повикуваат на масовни протести...

Нетанјаху вечерва го свикува воениот кабинет на состанок на кој се очекува да биде одобрен планот за целосна окупација на Газа и продолжување на војната. Семејствата на заложниците бараат од израелските одбранбени сили да се спротивстават на проширувањето на офанзивата и повикуваат на масовни протести. Во меѓувреме, бројот на жртви во Појасот расте. Палестинските власти јавуваат за нови напади и повеќе од 20 загинати цивили. Во недостиг на доволна помош, расте и бројот на смртни случаи поради неухранетост.
ОН алармираат дека ситуацијата во Газа е повеќе од катастрофална.
