Слободни капацитети за изградба на сончеви централи
Можат да аплицираат сите заинтересирани компании кои доколку ги исполнуваат условите би добиле привремен статус на повластен производител на струја од обновливи извори на енергија...

Се уште има можност за градење сончеви централи во земјава, кои би испорачувале струја по привилегирана цена. Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека се слободни 189,5 киловати за фотонапонски електроцентрали со инсталирана моќност помала или еднаква на 50 киловати, како и 107 киловати за објекти со моќност до 1 мегават.
Можат да аплицираат сите заинтересирани компании кои доколку ги исполнуваат условите би добиле привремен статус на повластен производител на струја од обновливи извори на енергија.
Досега во земјава работат 63 фотонапонски централи со моќност до 50 киловати, а 42 се во фаза на градба. Издадени се лиценци и за 24 сончеви централи со моќност до 1 мегават, од кои работат 17.
