политика

Од викендов ќе течат роковите за локалните избори

07.08.2025 13:13

В сабота Собранието ќе ги распише локалните избори кои ќе се одржат на 19-ти октомври. Вториот круг е закажан за 2-ри ноември...

Одбројувањето за локалните избори почнува. В сабота Собранието ќе ги распише локалните избори кои ќе се одржат на 19-ти октомври. Вториот круг е закажан за 2-ри ноември. На овие избори кои се сметаат за едни од најважните на локално ниво, ќе се избираат градоначалници и советници во 80 општини и Градот Скопје. Но на сцена ќе настапат и нови политички партии. Како што е познато независните иницијативи ќе се преточат во политички субјекти.

Известува Марија Котовска.