Дојран

Намален водостојот на Дојранското езеро

07.08.2025 17:44

Речиси еден метар од дозволениот минимум е паднато нивото на Дојранското езеро. Локалните власти од Министерството за животна средина бараат итно ставање во функција на системот „Ѓавато“ но и негова санација …

Загрижувачка е состојбата со нивото на Дојранското езеро. Тоа е метар под дозволените граници, вели првиот човек на општина Дојран Анго Ангов. Тој побара државата веднаш да интервенира и да ги вклучи функционалните пумпи од системот „Ѓавато“ за не се случи нова еколошка катастрофа.

И посетителите кои ги затекнавме покрај Дојранското крајбрежје бараат активирање на системот „Ѓавато“ и полнење на езерото.

Езерото престана да се полни за време на енергетската криза кога почнаа да стасуваат високи цени за електрична енергија. Лани есента беа пуштени три пумпни станици. Деновиве била исклучена и последната што функционирала.

Од Министерството за животна средина кое е одговорно за системот „Ѓавато“ соопштија дека се изработува проект за целосна рехабилитација на системот кој понатаму ќе биде предаден на АД Водостопанство.

 

Ване Трајков