Политика

Распишување на локалните избори во сабота

07.08.2025 17:00

Одбројувањето на роковите почнува викендов, откако Собранието ќе ги распише локалните избори кои треба да се одржат во втората половина на октомври. Но на сцена ќе настапат и нови политички партии. Како што е познато, независните иницијативи ќе се преточат во политички субјекти. Дали станува претесно меѓу политичарите, а финансискиот колач помал?

Квалитет пред квантитет, е она што и е потребно на Македонија, кога станува збор за политичките партии, сметаат експертите. Во пресрет на распишувањето на локалните избори во сабота, случувањата на македонската политичка сцена се интензивираат.

За формирање на партиите, на независните иницијативи им се потребни по 1.000 потписи.

Македонските граѓани со поделени мислења. Дел сметаат дека во моментов има доволен број на политички партии. Според други, потребни се и нови. А за дел од граѓаните, политиката претставува ирелевантна тема.

Во сабота е официјалниот старт на изборната трка, во чии рамки ќе се бираат градоначалници и советници во 80 македонски општини. Според бројот на учесници и изборна администрација, овие избори ќе бидат најголеми и најмасовни досега.

 

Марија Котовска