колективен договор

20% повисоки плати во секторот социјална заштита

07.08.2025 19:12

Министерот за социјална политика Фатмир Лимани и синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и од здруженијата на граѓани, како и самостојниот синдикат за образование, потпишаа колективниот договор...

20% покачување на платите за вработените во јавните установи за социјална заштита. Министерот за социјална политика Фатмир Лимани и синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и од здруженијата на граѓани, како и самостојниот синдикат за образование, потпишаа колективниот договор. Со него се овозможува зголемување на платите за сите вработени, вклучително и за директорите на јавните установи за социјална заштита. Покрај финансиските бенефиции, договорот ги унапредува и правата од работен однос, ги засилува механизмите за заштита на работниците и го продлабочува социјалниот дијалог меѓу владата и синдикатите.

Верувам дека со подобри услови за работа, ќе обезбедиме и подобри услуги за граѓаните, истакна министерот Лимани.