Прилеп

Се одбележува 24-годишнината од Карпалак

08.08.2025 08:09

Во Прилеп и во месноста Карпалак денеска ќе бидат одбележани 24 години од загинувањето на десет припадници од резервниот состав на Армијата...

Во спомен на десетте прилепски бранители припадници на македонската Армија кои во 2001 година ги загубија своите животи кај месноста Карпалак, денеска делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата ќе положат венец со свежо цвеќе на спомен-плочата на бранителите и во родниот град на бранителите пред спомен-обележјето во центарот на Прилеп.

На 8-ми август 2001 година, конвојот на АРМ беше нападнат кај месноста Карпалак на патот Скопје-Тетово кога беа убиени 10 воени резервисти од прилепската касарна.