Временска прогноза
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
08.08.2025 08:34
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец...

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени целзиусови.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
