Фронтот во Украина и натаму гори
Повредени се три лица по руски напад со беспилотни летала во регионот на Киев. Во исчекување на средбата Трамп-Путин во надеж за ставање крај на долгогодишниот конфликт, шефот на Белата куќа со став-ќе разговара со рускиот челник дури и ако тој одбива да се сретне со украинскиот претседател Зеленски...

Фронтот во Украина и натаму гори и покрај поместувањата на дипломатски план. Повредени се три лица по руски напад со беспилотни летала во регионот на Киев. Во исчекување на средбата Трамп-Путин во надеж за ставање крај на долгогодишниот конфликт, шефот на Белата куќа со став-ќе разговара со рускиот челник дури и ако тој одбива да се сретне со украинскиот претседател Зеленски. Путин се сложи на средба со Трамп, иако не ја исклучи можноста за средба со украинскиот колега, сепак, повтори дека за тоа да се случи мора да се создадат услови. Украина не се плаши од состанок-вели Зеленски, но инсистира Европа да биде учесник и на состаноците и на преговорите. Најавата на Путин дојде во пресрет на крајниот рок што Вашингтон го постави за Москва да покаже напредок кон завршување на тригодишната војна или да се соочи со санкции.
„Секој знае дека клучните одлуки во Русија ги носи едно лице кое се плаши од санкциите од САД, и дека е исправно Украина да биде учесник во преговорите. Што значи, форматот на состаноците, состанокот на лидерите е, практично, трилатерален формат“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
„Постојано повторувам дека немам ништо против оваа можност за средба со Зеленски, но за тоа треба да се создадат одредени услови. За жал, ние сме далеку од тоа“, изјави Владимир Путин, претседател на Русија.
„Не, не мора да се сретне. Тие сакаат да се сретнат со мене и јас ќе направам се што можам за да го спречам убивањето“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
