Свет

Калифорнија: Наредба за евакуација на илјадници жители од закана на пожар

08.08.2025 13:43

Според надлежните, огнот избил во популарното рекреативно место крај езерото Пиру и брзо се проширил зафаќајќи илјада и 500 хектари за два часа...

Калифорниските власти издадоа итна наредба за евакуација на илјадници жители на југот од земјата откако голем пожар се заканува да ги зафати Лос Анџелес и Вентура.

Според надлежните, огнот избил во популарното рекреативно место крај езерото Пиру и брзо се проширил зафаќајќи илјада и 500 хектари за два часа, заканувајќи се да пеплоса илјадници објекти и далноводи.