ГРЦИЈА
75-годишна македонска државјанка вчера попладне се удавила на Халикидики
08.08.2025 11:52
Нејзиното тело било извлечено на плажата Созополи во општина Неа Пропонтида, во близина на првиот крак...

75-годишна македонска државјанка вчера попладне се удавила на Халикидики. Нејзиното тело било извлечено на плажата Созополи во општина Неа Пропонтида, во близина на првиот крак. Иако на жената и била укажана прва помош и била пренесена во болницата во Неа Мудања, сепак, лекарите можеле само да ја констатираат смртта.
Телото е предадено за обдукција. Годинава, ова е четврти случај на давење на македонски државјанин на грчките плажи.
