Најреално на второто место, но може и да бидеме први во нашето друштво
21.08.2014 14:35
Македонија загуби во Шарлоа со -3, идентично како што победивме во Скопје, но Белгијците имаат подобра меѓусебна кош разлика и вкупно земено подобар кош количник, од примените и постигнатите поени на сите натпревари, поради што во моментов тие ја имаат пол позицијата во групата Д. Македонија има скор 3/1, колку што има и Белгија. Белгијците се пред нас затоа што имаат +35, ние имаме +15, а подобри се и во меѓусебниот дуел.

Според правилата на ФИБА Европа, ако на крајот на квалификациите две селекции имаат ист број на победи со идентична разлика во меѓусебните дуели, што во случајот е по 3 поени на двата меча, без разлика на постигнатите поени во меѓусебните натпревари, за конечниот поредок ќе решава вкупниот број на постигнати и на примени поени од сите натпревари во групата.
Навидум, нашата задача до крајот изгледа полесна. Играме дома со Данска и со Белорусија, а Белгија игра на гости кај Данска и кај Белорусија. Да не заборавиме дека до победите во Данска и во Белорусија стигнавме со судни маки, во последните моменти од средбите. Домашниот терен е предност, но Белорусија, па и Данска ако игра како во Хорсенс, се опасни репрезентации.
Белорусија може да им го загорчи животот на Белгијците ако ги совлада во Минск, но може и да се пласира на ЕП со победа и во Скопје, во последното коло, што ќе значи дека ќе извисиме или ние, или Белгија. Единствено Данците немаат шанси за пласман, откако забележаа 4 порази во групата Д, но тоа сега ги прави уште посериозни противници, затоа што се растоварени.
Од многу математика, боли глава. Треба да се одигра во најдоброто можно светло, па што ќе биде, нека биде. На 24-ти, играме дома со Данците, Белгија игра во Белорусија. Мечот Македонија - Данска, ќе го емитуваме во живо на Македонската Телевизија.