ин мемориам

Почина Јулијана Тануровска, долгогодишен новинар и уредник на Сателитската програма на МРТ

08.08.2025 19:07

На 60-годишна возраст почина одговорната уредничка на Сателитскиот сервис Јулијана Тануровска која долги години беше дел од Информативната програма на МРТВ и како репортер и како уредник.

Македонската телевизија посиромашна за еден луциден и врвен новинар. На 60-годишна возраст почина одговорната уредничка на Сателитскиот сервис Јулијана Тануровска која долги години беше дел од Информативната програма на МРТВ и како репортер и како уредник.

Таа со креативен, јасен и прецизен израз ги обработуваше темите во најголем дел поврзани со црквата и образованието. Важеше за експерт за црковно-религиозни прашања и остави неизбришлива трага во македонското новинарство. Тануровска беше врвен професионалец, сопруга, мајка на два сина. Колегите најмногу ќе ја паметат по нејзината насмевка и ведар дух, по нејзината човечност, отвореност и топлина.

Опелото ќе се одржи во недела на Градските гробишта во Бутел.