Собрание
Собранискиот спикер Гаши денеска треба да ги распише локалните избори
09.08.2025 09:11
Собранискиот спикер, Африм Гаши денеска ќе ги распише локалните избори. Почнуваат да течат роковите за изборниот процес...

Собранискиот спикер, Африм Гаши денеска ќе ги распише локалните избори. Почнуваат да течат роковите за изборниот процес. Првиот круг ќе се одржи на 19-ти октомври, а таму каде што нема да бидат избрани градоначалници, ќе има втор круг на 2-ри ноември. Рокот за поднесување на листите со кандидати за градоначалници и советници е до 15-ти септември.
Изборната кампања ќе трае 20 дена и започнува на 30-ти септември.
