Одбележани 80 години од атомската бомба врз градот Нагасаки
Околу 2.600 луѓе, меѓу кои претставници на над 90 држави присуствуваа на комеморацијата, каде точно во 11 часот и 2 минути, кога експлодирала плутониумската бомба се огласи ѕвончето. На небото пуштени гулаби како симбол на мирот...

Јапонија се сеќава. Одбележани 80 години од атомската бомба врз градот Нагасаки, фрлена само три дена по онаа врз Хирошима. Околу 2.600 луѓе, меѓу кои претставници на над 90 држави присуствуваа на комеморацијата, каде точно во 11 часот и 2 минути, кога експлодирала плутониумската бомба се огласи ѕвончето. На небото пуштени гулаби како симбол на мирот.
Црниот биланс од нападот во Нагасаки е 70 илјади загинати, а шест дена подоцна, на 15-ти август 1945 година Јапонија капитулира со што завршува Втората светска војна.
