Македонија

Недостиг од старски домови во Пелагонискиот регион

09.08.2025 13:12

Младите се иселуваат, а потребата за згрижување на овие лица се продлабочува. Од 5 јавни установи за социјална заштита на стари лица, два се во Пелагонискиот регион-во Битола и Прилеп...

Според демографските податоци бројот на стари лица во државава е значително поголем. Младите се иселуваат, а потребата за згрижување на овие лица се продлабочува. Од 5 јавни установи за социјална заштита на стари лица, два се во Пелагонискиот регион-во Битола и Прилеп. Според податоците од последниот попис во овој регион има повеќе од 40 илјади лица над 65 годишна возраст. Во Битола функционираат и два приватни, но за голем дел од семејствата се прескапи.

Александра Максимовска