Атлетико размислува за Пандев?!

21.08.2014 15:01

Престижниот шпански весник „Марка“  го поврзува нашиот фудбалски репрезентативец Горан Пандев со Атлетико Мадрид. Актуелниот првак на Примера сака да се засили во пресрет на новата сезона, а поранешниот македонски репрезентативец е идеална цел затоа што Рафаел Бенитез не смета на неговите услуги во оваа фаза од натпреварувачката 2014/15.

„Би било добро Горан Пандев од Наполи и Џердан Шаќири од Баерн Минхен да дојдат во Мадрид. Останува отворено прашањето колку Атлетико е подготвен да плати за нив?“, се прашува „Марка“.

Пандев се поврзуваше со премин во Фиорентина, потоа интерес за него покажа и Милан, се шпекулираше и со евентуалнио заминување во Англија или во Галатасарај, а отсега во игра е и Атлетико. Останува времето да покаже дали се точни информациите на „Марка“.