Билиќ суспендиран за реваншот во Лондон
Славен Билиќ нема да го предводи Бешикташ од клупата на реваншот од плеј –оф рундата во фудбалската Лига на шампионите против Арсенал. Хрватскиот стратег беше исклучен во 94-та минута на првиот натпревар во Истанбул поради остра реакција кон главниот судија Милорад Мажиќ.
„Можеби претерав, но тоа беше важен натпревар за нас и бев незадоволен од некои од судиските одлуки. Ја прифаќам казната, погрешив и им се извинив на Мажиќ и на Венгер за мојата реакција“, објасни Билиќ.

На средбата со Арсенал на „Емирати“ во Лондон, двата тима ќе истрчаат со почетниот резултат 0-0, а на клупата на Бешикташ ќе седи помошникот на Билиќ, Никола Јурчевиќ.