мвр

Внатрешна контрола при МВР констатираше непрофесионално однесување на началникот што го вршеше претресот во Демир Хисар

10.08.2025 16:14

Внатрешна контрола констатираше непрофесионално однесување на началникот што го вршеше претресот во Демир Хисар. МВР го разреши од функцијата за да не ја попречува истрага...

МВР го разреши од функцијата началникот Роберт Мартиновски што го вршеше претресот во домот на директорката на училиштето во Демир Хисар и бараше таа да биде однесена на информативен разговор во полиција, иако била на боледување, а таква наредба од Обвинителството воопшто немало. Внатрешна контрола утврдила непрофесионално и неетичко однесување и поведе дисциплинска постапка против него.

„Со цел целосна непристрасност и објективност на истрагата, наведениот началник ќе биде разрешен од функцијата. МВР го осудува секој облик на насилство, незаконско или непрофесионално постапување“, соопштија од МВР.

Од опозициската СДСМ, пак, побараа началникот кривично да одговара.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека со разрешувањето се покажува дека се почитуваат принципите и се казнува незаконското постапување. Адвокатот на директорката Лозановска веќе најави дека ќе поднесе кривична пријава против началникот за третманот на неговиот клиент. Обвинителството претходно информираше дека претресот бил извршен поради сомнеж за фалсификат.

 

Ирина Гелевска