локални избори

На локалните избори ќе може да учествуваат и независни кандидати за градоначалници и листи за советници

10.08.2025 17:08

Државната изборна комисија не може никому да му го ускрати уставно загарантирано право да учествува на избори. Да бира и да биде избран. ДИК ги расчисти дилемите. Независните ќе можат да учествуваат на локалните...

Недовербата кон политичарите и правните дупки ги натераа независните да играат на сигурно. Иако ДИК објасни дека нема потреба од потписи за да влезат во изборната трка, од Зелен хуман град сепак остануваат на ставот да формираат партија во страв да не извисат.

И трипартитната коалиција – Независните од Карпош, Шанса за Центар и Зелените од Гази баба се најде во тесно. Наредните денови ќе одлучат дали ќе продолжат да собираат потписи за партија или ќе се водат по укажувањата од ДИК дека секој може да достави листи, без условувања.

Откако Уставен укина два члена од изборниот законик, а Собранието не ја пополни правната празнина, ДИК го стави вон сила упатството за собирање потписи што беше услов за учество на локалните избори.

Изборната кампања стартува на крајот на септември.

Анита Димитријевска – Велковска