Силен земјотрес со јачина од 6,1 степени по Рихтер регистриран во Турција
Голем број згради и домови се урнати во градот Синдирги во покраината Баликесир, каде што бил епицентарот на потресот. Едно лице загина, десетици се повредени. Спасувачите и натаму извлекуваат заробени луѓе од под урнатините...

Земјотрес со јачина од 6,1 степен по Рихтер ја погоди западна Турција. Голем број згради и домови се урнати во градот Синдирги во покраината Баликесир, каде што бил епицентарот на потресот. Едно лице загина, десетици се повредени. Спасувачите и натаму извлекуваат заробени луѓе од под урнатините.
„Потресот беше многу силен. Сите деца беа многу исплашени. Никогаш порано не сме почувствувале ваков земјотрес. Сите се надвор и во страв. Се надевам дека нема да се случи повторно“, изјави жител на Баликесир.
Неколку куќи се урнаа и во блиското село Голчук. Потресот бил на длабочина од 11 километри и почувствуван во повеќе градови низ земјата.
