Нетанјаху го брани воениот план за Газа
Планира да ги заземе двете преостанати упоришта на Хамас и да ги ослободи заложниците. Не попушта пред притисокот на граѓаните и меѓународната заедница...

Нетанјаху ја брани планираната воена офанзива во Газа тврдејќи дека тоа е најдобриот начин да се заврши војната брзо. Планира да ги заземе двете преостанати упоришта на Хамас и да ги ослободи заложниците. Не попушта пред притисокот на граѓаните и меѓународната заедница.
„Израел нема друг избор освен да ја заврши работата и да го порази Хамас, со оглед на тоа што групата одбива да го положи оружјето. Временската рамка што ја поставивме за акцијата е доста кратка. Пред сè сакаме да овозможиме воспоставување на безбедни зони за цивилното население во Газа да може да се евакуира“, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
Советот за безбедност на ОН предупреди дека планот на Нетанјаху би предизвикал катастрофа. Во истовреме во израелски напад во близина на болницата Ал-Шифа во Газа загинаа петмина медиумски работници на Ал Џезира.
