Дрвокрадците пустошат во прилепско
Дрвокрадците прават вистински пустош во прилепско. Без страв од никого, на сред бел ден, одат во групи по 20-тина луѓе и бесправно се сечат илјадници кубици на дрва. Екипата на МРТ излезе на терен со шумската полиција и веднаш ги сретнавме овие криминални групи кои кога не забележаа се вратија назад.
За кратко време наидовме и на друга група која бесправно крадеше. Без да не забележат полека им се приближивме.
Едниот од нив веднаш избега и покрај тоа што полицијата извади и оружје. Другите кои останаа се правдаат дека тоа го правеле бидејќи немале друга егзистенција.

„Никаде не сум вработен 4 деца имам за школовање, немам за јадење да му дадам. Еве сега морам овде да крадам дрва и ги продавам, е тоа правиме искрено да ти кажам“, рече еден дрвокрадец.
Од шумската полиција бараат да под итно да се зголеми нивниот број и да донесе новиот закон за шумска полиција. Бидејќи со сегашните овластувања тие не можеле да направат ништо.
„Дрвокрадците се агресивни употребуваат разни средства секири, пили, дрвја, не напажаат и често имаме и повредени полицајци. Се има случено да ни ја запалат и колата, а исто така се обидоа да ја запалат и куќата на еден шумски полицаец“, изјави Илија Спиркоски, командир на Шумска полиција – Прилеп.
Дрвокрадците прават вистински пустош во прилепско, буквално се уништени цели региони, доколку за краток период не се спречи оваа појава може да дојде до вистинска еколошка катастрофа со појава на огромен број свлечишта на земјиштето.
Од полицијата велат дека работат и без основите технички средства. На пример денеска бидејќи немаа превозно средство на терен кога излеговме со нашето приватно возило.
„Во моментов двете возила се во дефект и додека се чека таа законска постапка за избирање на фирма на тендер за поправка на возилата ние не можеме да излегуваме на терен“, додаде Илија Спиркоски, командир на Шумска полиција – Прилеп.
Доколку под итно не е спречи оваа појава за краток период цели шумски региони кај нас нема повеќе да постојат.
Новинар: Дарко Штаргоски
Снимател: Илчо Димески