Најмногу мигранти доѓаат преку јужната граница
Во првото полугодите од 2014 година регистрирани се 30 кривични дела за криумчарење мигранти, а пријавени се 46 сторители. Прокриумчарени се 203 мигранти...

Фатени уште 9 мигранти на патот Валандово-Удово. Биле превезувани во два автомобила. Приведени се двајцата возачи кои требало да им помогнат да излезат од земјава. Полицијата уапси уште еден кој им помагал при транспортот. Тројцата заработија 30 дневен притвор. Во државава во последните неколку години има голем наплив на мигранти од кризните подрачја.
Во првото полугодите од 2014 година регистрирани се 30 кривични дела за криумчарење мигранти, а пријавени се 46 сторители. Прокриумчарени се 203 мигранти.
И кандидатите за полициски службеници ги покажаа своите вештини во справување со ситуација со откриени илегални мигранти.
Кадетите се обучуваат за користење топографски карти, движење и совладување на просторот, подигање логор.
„Показните вежби кои денес ги проследивме потврдуваат дека обуката која се изведува во Центарот за обука на МВР е со висок квалитет и кандидатите во моментот кога ќе склучат договор за вработување во МВР се оспособени за вршење на работните задачи кои им се доверуваат“, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.
Најголемиот прилив на мигранти доаѓа од грчко-македонската граница. Министерката Јанкулоска изјави дека повеќепати го отворила прашањето за зајакнување на соработката со Грција за заеднички надзор на државната граница. Засега, нема позитивни повратни сигнали.
Наташа Гркова-Петрушевска
