Италија и натаму гори
На барање на властите, пожарникари од целата земја пристигнаа да помогнат во гаснењето на огнената стихија. На терен и шест канадери...

Југот на Италија и натаму гори. Високите температури и ветрови повторно го разгореа огнот што ги зафати падините на Везув пред викендот. На барање на властите, пожарникари од целата земја пристигнаа да помогнат во гаснењето на огнената стихија. На терен и шест канадери. Од безбедносни причини сите планински патеки до вулканот во близина на Неапол се затворени за туристи. Во исто време, активен стана и вулканот Етна на островот Сицилиј
„Во Терзињо и Отавијано, сè уште имаме некои значајни пожари кои претставуваат закана и се критични, но работиме на нивно локализирање и од воздух, и од земја, со помош на армијата“, изјави Рафаеле Де Лука, претседател на Националниот парк Везув.
„Се надеваме дека наскоро ќе се справиме со ова ново уништување врз Везув. За жал, штетата врз природата е веќе видлива и голема“, изјави Франческо Раниери, градоначалник на Терзињо.
