сторија

Друзите во Израел бараат меѓународна помош за заштита на малцинствата

11.08.2025 15:22

Додека војната на Блискиот Исток зависи од дипломатијата, граѓаните живеат во страв и исчекување за подобри денови. Многу малцинства се најдоа пред предизвикот да одберат на чија страна ќе застанат. Друзите се едни од нив. Пред политиката да замеша прсти, соживотот на едно место е меѓу муслимани, христијани, Друзи и Евреи. Но сепак жалат за нивните браќа од другата страна на границата, кои повеќе не можат да ги видат...

Далијат ел Кармел, среде истоимената планина до Голанската висорамнина e кибуцот на Друзите. По вероисповед Друзи, по државјанство Израелци, Арапи по културолошки и традиционални корени, но во чекор со модерното време. Ќе ве воодушеви во каков уметнички израз го претворил родното огниште еден млад уметник. Илјадници луѓе го посетуваат, а десетици Друзи печалат од оваа креација. Кибуцот Исафија, пак, препознатлив по соживотот на муслимани, христијани, Друзи и Евреи. Доктор Азами ни раскажа дека ги уживаат сите права. Но жали, вели, за своите браќа од другата страна на границата, во Сирија.

„Постојано им се прекршуваат основните човекови права и често се изложени на насилства и напади. Затоа повикавме на меѓународна помош за заштита на Друзите и другите малцинства во овој дел од Сирија“, изјави Амин Азами.

Служејќи на израелската армија изгубиле десетици синови. Затоа се почитувани и заштитени од државата и највлијателните организации.

„Ние никогаш нема да ги напуштиме и секогаш ќе ги браниме и заштитуваме не само Друзите туку сите, затоа што сакаме да живеат во мир“, изјави Сар Шалом Дгерби.

Во Ел Кармел, ќе ја слушнете и последната комуникација на потполковник Селман Хабака, командантот на 53 Бригада кој загинал давајќи поддршка на израелските одбранбени сили во Појасот Газа.

„Пред инцидентот му реков дека имаме намера да го унапредиме, и навистина беше така, сега останува да се погрижиме за неговото семејство“, изјави Хишам Абрахим, бригаден генерал.

„Сакав да можев да му кажам колку го сакам, колку ми недостига“, изјави Селман Хамдан другар од детството.

„Селман е моето се, тој е мојата душа …“, изјави Моахаб Хабака, мајка.

„Погледнете ги Друзите и Евреите седат заедно, спијат заедно, трчаат заедно, јадат и разговараат заедно, тоа е една нација само една нација“, вели Амар Насраладин, експратеник- претседател на Советот на Друзите.

И тоа се Друзите, вредни, комуникативни, родољуби, лојални, што ги прави навистина посебни.

 

Фиљана Кока