истражување

Општините потрошиле рекордни 190 милиони евра на тендери за една година

11.08.2025 17:06

Општините лани за јавни набавки потрошиле рекордни 190 милиони евра. Вредноста на тендерите скокнала за 16 проценти, а една четвртина од нив завршила кај само 10 фирми. Скопје за првпат го загуби приматот, рекордери по јавни набавки се Гази Баба, Аеродром и Кисела Вода, покажа анализата на Центарот за граѓански комуникации.

Рекордни 190 милиони евра потрошиле лани општините за јавни набавки. Вредноста на тендерите се зголемила за 16 проценти, односно за цели 26 милиони евра. Интересно е што за првпат, Град Скопје не е прв на листата, каде предничат Гази Баба, Аеродром, Битола. Ова го покажа последното истражување на центарот за граѓански комуникации.

Најголемо зголемување на вредноста на јавните набавки има во Општина Гази Баба и тоа за 5,7 милиони евра.

Она што загрижува е што четвртина од тендерите завршила кај само 10 фирми, а има и такви општини каде речиси половина од набавките отпаѓа на еден субјект.

Граѓаните апелираат парите наменски да се трошат и она што е ветено да се реализира.

Целта на истражувањето е да ги алармира локалните власти да преземат активности во насока на стимулирање на конкуренцијата, како и, по можност, поделба на тендерите на делови наспроти нивно окрупнување.

Александра Спировска