дкск

Антикорупциска со укажувања за законските одредби поврзани со локалните избори

11.08.2025 16:28

Се забранува на учесниците во изборниот процес да почнуваат градба на инфраструктури и капитални објекти со државни пари, а не смее ниту да се вработуваат и отпуштат од работа вработени во јавниот сектор...

Антикорупциска ги објави правилата на игра во предизборието. Се забранува на учесниците во изборниот процес да почнуваат градба на инфраструктури и капитални објекти со државни пари, а не смее ниту да се вработуваат и отпуштат од работа вработени во јавниот сектор. Освен тоа, од Комисијата наведуваат и дека е забрането да се користат нелегални и анонимни извори на финансирање, а потсетуваат и дека е забрането државниот имот и средства да се користат за партиски цели. Не смее да се врши поткуп на гласачите, а во периодот од 20 дена пред почетокот на кампањата е забранети да се одржуваат јавни настапи за пуштање во употреба на јавни објекти. Министерството за финансии се повикува на транспарентност во делот на буџетските трошења.

Од Антикорупциска велат дека будно ќе ја следат кампањата и изборите и во случај на законски прекршувања и нерегуларности ќе ги информираат надлежните институции.